вторник, 16 июня 2009 г.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА

Граѓанско движење против промена на името на Република Македонија

До: Претседател, Влада и Собрание на РМ, партии и медиуми.

Вовед:Почитувани,ја потпишувам оваа петиција за да Ви дадам до знаење дека ЈАС, граѓанинот на Република МАКЕДОНИЈА сум против било каква промена на нејзиното име. Ве молам немојте да си поигрувате со моите чувства промовирајки идеи за компромиси и исфрлање на пробни балони за нови имиња. Мојот став е дека доколку дојде до преименувањето на Македонија по автоматизам тоа ќе доведе и до исчезнување на земјата во која живеам и до промена на мојот идентитет. Никој нема право да тргува со работи кои што не се негови. За иднината на оваа земја се бореа моите предци. ЈАС нема да дозволам за идните генерации таа да престане да постои. ЈАС нема да дозволам моите деца да бидат луѓе без идентитет и да живеат во земја со вештачко име. Ве молам престанете да споменувате референдуми!За името на нашата татковина ние граѓаните се изјаснивме уште во 1991. Наместо преговори, пред светот промовирајте ја вистината за Република МАКЕДОНИЈА и нашето легитимно право за самоопределување.Ве потсетувам дека Вие ја добивте нашата доверба токму поради Вашиот став дека ќе се борите за зачувување на името и дека нема да дозволите промена.Доколку се осмелите да промените дури и буква од името на мојата татковина, ќе го искористам моето право да Ве отстранам од власт, затоа што Вие сте таму каде што сте благодарение и на мојот глас.МОЈОТ ПОТПИС ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Доколку се стигне до промена на името, а со самото тоа и до промена на мојот идентитет и идентитетот на сите мои сограѓани, уште сега Ви најавувам дека во тој момент ќе сторам се што е во моја моќ за да Ве спречам. Затоа што од тој момент ЈАС ќе бидам човек без идентитет и граѓанин без држава, кој во никој случај нема да припаѓа на таа нова држава со ново име. ЈАС сум и ќе останам лојален граѓанин на Република МАКЕДОНИЈА и ќе сторам се што сметам дека е неопходно за да го спречам преименувањето, а со тоа да го спречам и уништување на државата на која и припаѓам. Оние кои ќе се осмелат да ја уништат нашата татковина Македонија и на нејзино место да наметнат некоја нова земја со ново име ќе ги сметам за окупатори. Се надевам дека ќе го слушнете гласот на народот и дека нема да одите против интересите на земјата на која и Вие и припаѓате. Да живее МАКЕДОНИЈА.

http://www.gopetition.com/online/28650.html

Комментариев нет:

Отправить комментарий